НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенечките ракометари размислуваат да го напуштат ЕП

0
By Нова ТВ on January 16, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометната репрезентација на Словенија размислува да се повлече од Европското првество во Хрватска, незадоволни од судски одлуки, посебно во вчерашното реми против Германија (25-25).

Европската ракометна федерација ја одби денеска жалбата на Словенците и го регистрираше натпреварот со синоќешниот резултат. Конечната одлука ќе ја донесе Ракометниот сојуз на Словенија, на чело со претседателот Фрањо Бобинац, соопштено е на прес-конференцијата во Загреб.

Бобинац најави и приватна тужба на Ракометниот Сојуз на Словенија кон ЕХФ поради влијание на поединец на конечниот резултат, кој беше 25:25. Словенците исто така ќе се жалат и во Судот за спортски права во Лозана.

– Ова ги преминува сите граници, па нашата федерација сериозно размислува да го напушти ЕП, иако од друга страна се плашиме од негативните последици кои можат да произлеат од ваквата одлука, изјави генералниот секретар на РСС, Горан Цвијиќ.

Литванските судии неколку секунди пред крајот донесоа одлука да му дадат црвен картон на Блаж Благотиншек бидејќи не се наоѓал на потребните три метри оддалеченост од германскиот играч, кој сакаше да изведе од центарот, на само секунда пред крајот. Потоа беше досуден црвен картон за Благотиншек и пенал за Германија, кои успешно го изведоа и натпреварот заврши нерешено. Судиите 10 минути ја гледаа видео снимката, и ја донесоа контроверзна одлука по што селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ револтиран застана на голот да го брани пеналот.

Бобинац и соработниците ќе одлучат дали ќе се одлучат да го направат радикален потег и ќе го напуштат Загреб пред последниот натпревар од првата фаза од ЕП. Словенечката репрезентација по два натпревара има само еден бод, по ремито со Германија и поразот од Македониоја (25-24) кога Вујовиќ, исто така, имаше многу забелешки за судењето.

ЕП ракомет 2018
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.