НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конкурсите на МРТ за субвенционирање песни ќе бидат поништени

0
By Нова ТВ on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Примената на Законот за поддршка на домашната музичка продукција и опциите за разрешување на состојбата биле тема на состанок меѓу претставници на Министерството за култура и Македонската радио телевизија.

Како што информираат во заедничкото соопштение, на вчерашниот состанок во Министерството за култура било констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен, како и дека во иднина заеднички ќе ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.

На состанокот, како што се наведува, било констатирано дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година.

МРТ на 5 јануари годинава објави резултати од Конкурс според Законот за поддршка на димашната музичка продукција, а Министерството за култура на 11 јануари во соопштение до медиумите, информира дека  со резултатите и одлуките на МРТ се создаваат дополнителни непредвидени финансиски импликации и долгови врз буџетот за култура.

– Во моментов, Министерството за култура ги анализира финансиските импликации со кои ќе се оптовари буџетот. Факт е дека Законот е сѐ уште во сила и дека МРТ засега постапува по него, сѐ додека Собранието не го усвои предлогот на Министерството за култура да се укине овој закон. Но, Министерството за култура ќе преиспита дали овие одлуки на МРТ донесени во новата година на 5 јануари, за конкурси кои се поврзани со програмата и буџетот од минатата година, се валидни и во согласност со законските прописи, се вели во соопштението.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски неодамна изјави дека Министерството не само што ги оспорува овие одлуки, туку почна да врши ретроактивна детална проверка на претходните конкурси за кои има сознанија и индиции за крупни неправилности.

Од Министерството, исто така, тогаш информираа дека до Владата на РМ веќе го поднеле предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, со клучни аргументи дека овој Закон не придонесе за зголемување на квалитетот, ниту пак донесе до напредок и развој на музичката продукција и индустрија.

Продолжува журката со државни пари: 1 милион евра за песни и спотови

министерство за култура МРТ песни субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.