Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одлуката за азил на Грујевски и Бошковски одложена на неодредено време

0
By Нова ТВ on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 17, 2018 12:21

Одлуката за азил за Горан Грујевски и Никола Бошковски е одложена на неопределено време, затоа што органот што ја води постапката нема преведувач од грчки на македонски јазик и обратно, изјави денеска адвокатот Петар Василев пред Кривичниот суд по одложувањето на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“.

– Како што знаете, судовите и другите органи во Грција тешко се снаоѓаат со преведувачи на македонски јазик. И во овој случај тоа беше проблем, бидејќи органот што ја води постапката за азил нема преведувач од грчки на македонски и обратно, па носењето на одлуката беше одложено на неопределено време, рече Василев.

На прашање дали во март Грујевски и Бошкоски ќе бидат екстрадирани од Грција во Македонија како што беше објавено во некои медиуми, Василев рече дека не би шпекулирал со рокови.

– Не би сакал да шпекулирам во однос на роковите, како што објавија некои медиуми. Таму се водат повеќе постапки за нив, да оставиме на судот и да видиме. Тоа се судски постапки. Никој на тие судски постапки не може да влијае. Судот определува кога ќе бидат закажани рочиштата и кога ќе биде донесена одлука. Од наша страна не може да постои никаков влијание, ниту пак би можеле да извршиме проценка кога би можело да се случи, истакна тој.

Според него, нема можност на Грујевски и на Бошковски да им се суди во Македонија за фалсификуваните патни исправи.

–  Тоа може да се случи само кога странките сами ќе побарат, но во овој случај не е така, нагласи Василев и додаде дека жалба за екстрадицијата е поднесена во судот во Атина, но се уште немаат добиено одговор.

Бошковски Грујевки екстрадиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.