НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов не го потпиша Законот за јазици,Владата останува на својот став

4
By Нова ТВ on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во своето обраќање пред јавноста рече дека одлучил да не потпише указот на Законот за јазици и дека образложението го доставил до Собранието. Иванов ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки.

-На 11 јануари беше изгласан Законот за употреба на јазиците без јавна расправа и без опозицијата. Укажав дека не е добро да се отвараат веќе апсолвирани прашања. Овој закон е донесен со европско знаменце, без да постои европска директива. Македонија ќе стане единствена земја која сама си поставува услови за членство во ЕУ кои никој не ги бара. Со донесувањето на Законот за јазици, ние донесуваме неправеден и репресивен закон со кои се фаворизира албанскиот јазик. Имајќи ги предвид моите овластувања и повикувајќи се на член 75 од Уставот на Република Македонија, одлучив да не го потпишам указот за прогласување на Законот за јазици — рече во своето обраќање Иванов.

Тој додаде дека испратил писмо до Собранието во кое има детално образложение и ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки.

Откако претседателот Ѓорѓе Иванов одби да го потпше Законот за јазиците, Владата преку соопштение изрази жалење за неговата одлука.

– Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија и сите нивни забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој закон. Ова е гаранција дека законот не предвидува ништо спротивно од европските стандарди за употреба на јазиците на етничките заедници – пишува во владиното соопштение.

Според Владата, сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.

– Мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во Република Македонија, во која градиме општество еднакво за сите. Тое е концепт во кој оваа влада силно верува силно и кој ќе продолжиме и понатаму да го унапредуваме – пишува во владиното соопштение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.