Пратеникот Љупчо Димовски денеска е поканет на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за настаните од крвавиот четврток. Димовски е третиот пратеник кој како осомничен треба да објасни дали и какви дејствија преземал на 27 април 2017 година во Собранието. Нему судот му го продолжи куќниот притвор.
Во текот на неделата исказ во Обвинителството дадоа и пратеникот Јохан Тарчуловски и неговата колешка, Жаклина Пешевска. Сите пратеници се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое е пропишана казна затвор од најмалку 10 години.