Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Вратите се отворени, создавате реална можност за членство

3
By Влатко Чаловски on January 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2018 12:55

Во присуство на највискиот државен врв и претставници на верските заедници, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од собраниската говорница ја пофали Македонија за напредокот и реформите за кои рече дека ја отвораат можноста за полноправно членство во Алијансата.

Како што нагласи Столтенберг, настаните од 27.април биле шок за него и за земјите членки на НАТО, но исто така бил импресиониран од напредокот постигнат од 27.април наваму.

„Настаните во април во оваа сала ме шокираа и мене и членките на НАТО, но импресионирани сме од напредокот последните девет месеци, од создавањето на нова, инклузивна политичка култура“, рече генералниот секретар на НАТО.

Тој ја поздрави и транспарентноста, судските реформи и Планот 3-6-9 на Владата, но рече дека истото мора да продолжи. Воедно ги поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците и Договорот за добрососедство со Бугарија, а ја пофали Владата и за подобрените односи со соседите.

Столтенберг ја потенцираше и улогата на опозицијата како „многу важна“ која треба да ја следи и да ја коригира Владата, а за граѓанското општество рече дека треба да продолжат да даваат помош во реформите.

„Алијансата сака да ве види на масата. Преминувањето на прагот бара сериозна работа. Бидете транспарентни со нас за реформите, ние ве поддржуваме и ќе помогнеме колку што можеме. Вратите на НАТО се отворени. Претворивте држава на реална можност од една нестабилна држава, за нова просперитетна држава. Вие ја иате и визијата и алатките“, рече Столтенберг во Собранието.

Посочувајќи го примерот со членството на Црна Гора во НАТО, Столтенберг рече дека има простор за уште знамиња пред седиштето на Алијансата, алудирајќи дека Македонија има реална шанса да стане полноправна членка.

Во своето обраќање тој потенцираше и дека земјите членки го препознаваат новиот ентузијазам и сакаат Македонија да успее.

Ја поздрави волјата на Владата за решавањето на спорот со името, но рече дека освен тоа, потребно е да се продолжи со работа, бидејќи Алијансата како што рече тој, споделува исти вредности и принципи.

Протест пред Собранието

Група граѓани, меѓу кои и пратеничката Солза Грчева и членови и приврзаници на политичката партија „Левица“ денеска протестираат пред Собранието, за време на обраќањетона Столтенберг.

Демонстрантите имаат истакнато транспаренти на кои пишува „Против војна за профити“, „Во НАТО ниту под уставно име“…

Претходно, пратеничката Солза Грчева преку Фејсбук повика на протест за, како што пишува „да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија“.

Мирниот протест го обезбедуваат полицајци.

 

обраќање Собрание Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.