В.д. директорот на Драмски театар-Скопје Сашо Тасевски вчера во 12:30 часот во полиција пријавил дека во 10:30 часот во службената канцеларија му стигнало заканувачко писмо адресирано лично до него, соопшти МВР.
– Откако го отворил писмото забележал дека во него има напишана порака со заканувачка содржина за него и други лица. Пријавителот појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на Фејбук. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, информира МВР во дневниот Билтен.