НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест судења за предмети на СЈО оваа недела

0
By Нова ТВ on January 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд неделава закажани се шест рочишта за предмети на Специјалното јавно обвинителство.

Во Судот утре треба да се одржат рочишта за „Труст“, Шпион“ и „Транспортер“.

Судењето за предметот „Труст“ минатата недела беше одложено поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот во случајот Василије Авировиќ. Првоосомничен во „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои управителите на фирмите „Транспемт“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ за учество во тендер на Електрани Македонија.  Според обвинението на СЈО осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Во предметот „Шпион“ меѓу обвинетите 18 лица се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање Александар Диневски. Последното рочиште што беше закажано минатиот месец беше одложено, поради неприсуство на Маријан Ефремов, кој е еден од осудените во овој случај.

За предметот „Транспортер“ закажани се две рочишта, во вторник и во четврток. Во овој предмет обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

В среда, на 24 јануари треба да почне судењето за предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Во овој предмет обвинети се седум  лица меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

На 26 јануари, во петок закажано е судење за предметот на СЈО „Тарифа“ во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Кривичен СЈО судења
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.