НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Минатата година регистрирани 18 напади врз новинари

0
By Нова ТВ on January 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинарите во Македонија работат во небезбедни услови, тепани, киднапирани и навредувани, а институциите не успеваат да казнат ниту еден од насилниците, покажува Извештајот за состојбата со слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија за 2017 година.

Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани, на презентацијата на извештајот, посочи дека минатата година се регистрирани вкупно 18 нови напади на новинари, од кои 13 физички и вербални, а останатите пет се навреди, попречување при работа и уништување на имотот на новинарите.

– Ова истражување освен политичката изразена волја на Владата и подготвеноста на новиот министер за внатрешни работи да работи со нас и да ги расветли сите случаи на напади врз новинари, друг позитивен развој не гледаме. Може да се каже дека има едно подобрување во начинот на известување на медиумите, но тоа е повеќе од тоа што престана економскиот притисок од власта, и тоа е еден позитивен сигнал, изјави Селмани.

Посочи дека има извесно подобрување во постапувањето на полицијата, која сега  брзо ги идентификува напаѓачите и покренува кривични и прекршочни пријави, меѓутоа предметите заглавуваат во Обвинителство и ниеден од насилниците не е изведен пред лицето на правдата.

Како најбрутален физички напад на новинари минатата година, Селмани го посочи 27 април, кога приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ насилно влегоа во Собранието. За овој случај, продолжи тој, Јавното обвинителство оформи предмет и утврден е идентитетот на сторителите, но за жал тие се уште не се изведени пред лицето на правдата.

– Тоа е вистинската слика за грижата на новата власт. Ако сакаат да пратат јасна порака дека им е важна слободата на говорот и медиумите, прво што треба да направат е да почнат да ги казнат насилниците кои напаѓаат новинари. Без тоа ние се уште не можеме да тврдиме дека новата влада сериозно е заинтересирана за подобрување на состојбата на медиумите, изјави Селмани.

Извештајот, исто така, покажува дека новинарите работат под исклучително лоши економски услови, имаат мали и нередовни плати, а немаат ниту договори за трајно вработување.

– Според истражувањето на ССНМ 45 проценти од новинарите имаат помали плати од македонскиот просек, а на мнозинството им доцнат платите. Нема подобрување ниту на законодавството, кое не е усогласено целосно со најдобрите европски практики, изјави Селмани.

Извештајот е изработен со финансиска поддршка на Европската унија во рамки на Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и заштитата на новинарите.

безбедност ЗНМ Извештај новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.