НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американската болница:Гинекологот Мбиара никогаш не работела кај нас

1
By Менче Атанасова Точи on January 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Станува збор за гинекологот Вјолце Мбиара која работи во ординацијата во Шуто Оризари, која тврди дека претходно работела во Американската болница во Тирана, а истото беше потврдено и од Министерството за здравство преку соопштение

Гинекологот Вјолца Мбиара никогаш не работела ниту пак, била вработена во Американската болница во Тирана. Изјавата на д-р Вјолца Мбиара во врска со Американската болница е неточна и измислена и сериозно го нарушува угледот на нашата компанија во регионот, тврдат од Американската болица. Во дописот кој го испратија од Американската болница во Тирана се повикуваат на текст на НОВА, пренесени и на другите портали  “Новиот гинеколот од Шуто Оризари наплаќа незаконски“ каде докторката ја обвинуваат бремени пацинетки дека наплаќа незаконски. Тоа е само повод бидејќи информацијата дека д-р Вјолца Мбиара порано работела во Американската болница дојде од самата докторка и од Министерството за здравство кои и овозможија и ја ангажираа да работи во амбулантата во Шуто Оризари како матичен гинеколог.

Во дописот главен извршен директор, администратор Клодијан Алајбеу на една од најзначајните и престижни приватни здравствени установи што работат во болницата на териториите на Балканот со седиште во Тирана, Албанија информира дека д-р Вјолче Мбиара никогаш не работела или била вработена во американската болница.  Од болницата тврдат дека изјавите на гинекологот кој работи во Шуто Оризари се „невистинити и измислени и сериозно го кршат на угледот и имиџот на нашата компанија во регионот“, стои во соопштението.

 

Гинекологот Вјолце Мбиара работи во Штуто Оризари од септември минатата година кога поранешниот министер Арбен Таравари ја пронајде и препорача за ова работно место. Тој утринава за Плусинфо изјавил дека докторката ги поминала сите законски филтри за да може да работи во Македонија и сè било според законот и прописите, но проверката на нечие Си-Ви не е должност на министерот.

„Ние имавме недостаток на гинеколог во Шуто Оризари повеќе години. Ми се јави гинеколог која рече дека е заинтересирана и знае дека има недостаток во Шутка. После тоа јас побарав да си ги среди документи и сèшто треба. Денот кога е отворена ординацијата таа ја имаше целата потребна документација, значи документација и како ординација и како доктор кој ќе работи во таа ординација. Тоа се државен испит, нострификација на диплома, лиценца за работа, документи за ординацијата. Тоа е тоа што ние како институција можеме да побараме. Другото, каде работела и што работела се нејзини приватни работи, тоа веќе не е институционално„ вели Таравари за Плусифно.

Поранешниот министер Таравари, во чиј мандат таа беше ангажирана за гинеколог, вели дека тој лично никогаш не изјавил дека гинекологот кој сега работи во Шуто Оризари порано работела во Американска болница во Тирана.

„Од вашата порака првпат прочитав дека работела во Американска болница, мене таа никогаш не ми ни кажала дека работела во таква ординација“, вели Таравари.

Иако тогаш како прв човек на министерството, како што тврди тој, никогаш не изјавил дека таа работела во Американска болница, Министерството со кое тој раководеше на 6 септември 2017 година, кога започна со работа гинекологот во Шуто Оризари, во официјалното соопштение објави дека д-р Вјолца Мбиара е специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во Американска болница во Албанија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.