Измените на Законот за лекови во делот на паралелниот увоз кој денеска требаше да биде разгледан од собраниска комисија е повлечен на барање на министерот Филипче заради неколку збора кои можеле да се толкуваат различно
Владата ги повлече измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства, во прво читање, во делот на паралниот увоз на лекови.
Законот е повлечен на барање на министерот за здравство Венко Филипче заради технички проблеми кои треба да претрпат промена, потврди за НОВА министерот.
„Имаше технички работи, неколку збора кои можат да се толкуваат различно и да доведат до различни толкувања. Со оваа мала промена ќе се прецизираат работите точно и нема да има забуни и различни толкувања, а ќе одат во правец на безбедност на лековите“, изјави министерот Филипче за НОВА.
Министерот Филипче најави дека целата процедура околу корекцијата на Предлог законот за лекови ќе трае не повеќе од една недела.
Законот беше повлечен неколку минути пред почетокот на седницата на собраниската Комисија за здравство.
Од Комисијата немаа сознанија зошто е повлечен Предлог законот во прво читање.