Во вториот круг на претседателските избори во Чешка победи досегашниот шеф на државата, Милош Земан. Неговиот противник Јиржи Драгош го призна поразот.
– Би сакал да му честитам на победникот на изборите Милош Земан, рече Драгош.
По пребројувањето на резултатите од 94,95 отсто од изборните единици, Земан (73) освои 52,16 од гласовите, додека поранешниот претседател на Академијата на науките на Чешка, Драгош (68), има 47,83 отсто од гласовите.
73 годишниот Земан е на функцијата претседател од 2013 година. Тој има анти имигрантски ставови и ги затопли односите со рускиот претседател Владимир Путин во време во кое многумина во Европа стравуваат од мешање на Москва во западните избори и процеси. Земан исто така се залага за поблиски односи со Кина.
68-годишниот Драгош е поранешен шеф на Чешката академија за науки и се смета за проевропски либерал. Тој е нов во политика и не доаѓа од ниту една политичка партија, а вели дека е загрижен за порастот на екстремизмот и популизмот.
Земан се залага за поблиски односи со Русија и Кина, додека Драгош е наклонет на ЕУ.