Медијаторот за спорот со името, Метју Нимиц утре во Скопје на средбите со државниот врв ќе разговара за иницијалната рамка за надминувањето на разликата за името.
Нимиц прво ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, соопшти Министерството за надворешни работи.
Нимиц доаѓа на средби со македонскиот врв по посетата на Атина изминатите два дена.