Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц во Скопје – што носи од Атина

1
By Нова ТВ on January 31, 2018 ПОЛИТИКА
Фото АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 31, 2018 08:13

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц по посетата на Атина, денеска доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.

Нимиц, вчера, по средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, изјави дека постои можност и дека е време за носење одлуки. На средбата двајцата разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две седмици, ги слушнал позициите на владата и оцени дека грчката Влада е искрена и активна во решавањето на проблемот.

– Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед, генерално нема смисла. Разговараме за ова прашање 25 години, сите знаат кои се прашањата. Време е за носење одлуки и мислам дека сме тука, рече медијаторот по средбата со Коѕијас, без да даде конкретен временски рок, потенцирајќи дека во следните седмици ќе има разговори и потоа ќе треба одново да се процени ситуацијата, објави МИА.

Иако како што рече, во медиумите протекоа некои од идеите, тој одби јавно да зборува за тоа.

Во меѓувреме, шефот на грчката дипломатија, во интервју за грчката државната телевизија ЕРТ, изјави дека Грција кон средината на февруари ќе и достави на Македонија нацрт спогодба со четири точки – предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда.

Одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Атина, Коѕијас потенцира дека оваа спогодба сепак нема да биде „земи или остави“ и дека и другата страна ќе има можност да интервенира со свои предлози. Вели дека македонската страна е запознаена со идејата, меѓутоа содржината ја разработува Атина, додека пак за временскиот рок, кусо коментира „што е можно побргу“. За нацрт спогодбата, пак, рекол дека го известил и медијаторот Нимиц.

Инаку, шефот на грчката дипломатија, потврди дека медијаторот доставил пет конкретни предлози, четири имиња на македонски јазик и едно Македонија (Скопје), додека пак во однос на грчките позиции рече дека според негово мислење името треба да биде сложено со терминот Македонија, „да не биде на англиски да биде на јазикот или јазиците на оваа земја, без превод“.

Од кабинетот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, пак, за МИА изјавија дека во пресрет на посетета на специјалниот пратеник Нимиц, јавното соопштување крајни позиции може да го намали просторот за разговори.

– Од наша страна има добра волја за заемно прифатливо решение кое ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа.  За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна, се наведува во реакцијата на македонското МНР на интервјуто на Коѕијас на државната телевизија ЕРТ.

Атина Коѕијас МНР Нимиц Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.