НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Работиме на повторно отворање на преминот Маркова Нога

0
By Нова ТВ on January 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека владите на Македонија и на Грција работат на повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Герман, во Преспа.

Димитров одговарајќи на пратеничко прашање, тој рече дека на неодамнешната средба во Давос на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, еден од чекорите што ќе го  направи грчката страна во насока на подобрување на климата во односите меѓу двете земји е отворањето на овој премин.

– Истовремено и од наша страна и од грчка страна се отворени разговори со ЕК во смисла на финансирање и на овој проект и пошироко на прекуграничната соработка во регионот. Таму имаме и национален парк што ги поврзува и трите држави, Македонија, Грција и Албанија. Очекувам резултати во наредните неколку месеци. Има некои работи што од нивна страна треба да си ги завршат дома, изјави Димитров.

Преминот Маркова нога – Герман, според него, долго време е на дневниот ред во нашата надворешна политика и односите кон Грција.

– Меѓу другото, јас на мојата прва средба со министерот Коѕијас на 14 јуни во Атина го отворив и ова прашање, додаде шефот на дипломатијата.

Климата кон ова прашање и во Грција видно се подобрува благодарение на отворањето на земјите последниве месеци едни кон други.

– Неодамна имаше меѓуресорска средба посветена токму на ова прашање во Атина со кое што претседаваше министерот Коѕијас. Има видно подобрување и на климата на градоначалниците во тој дел на Грција што гравитираат кон граничниот премин и кон Преспа. Мислам дека ова е многу добро за прекуграничната соработка, и каде што може да покажеме динамика што ќе помогне и за други прашања, рече Димитров.

Грција Димитров Маркова Нога премин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.