Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц со пораките од Атина на средби со политичките лидери во Скопје

0
By Нова ТВ on February 1, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 1, 2018 08:14

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц по посетата на Атина, денеска во Скопје ќе има средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде по средбата со министерот за надворешни работи Никола  Димитров.

Тој во земјава дојде вчера и по пристигнувањето само кусо порача дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.

– Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери во Скопје, изјави посредникот Нимиц по пристигнувањето во Скопје.

По средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, Нимиц изјави дека постои можност и оти е време за носење одлуки. Тој не сакаше да ги открие неговите идеи и предлози, велејќи дека не е добра идеја да коментира што предложил. Посочи дека во медиумите протекле некои од идеите, но нагласи оти јавно засега не може да зборува за тоа.

И од македонската Влада, како што истакна вчера нејзиниот портпарол Миле Бошњаковски, сметаат дека сега е вистинското време да се изнајде решение и оти постои и политичка волја и градење  на односи со Грција кои се на едно повисоко ниво од се што било досега во  претходните години.

Во меѓувреме, шефот на грчката дипломатија Коѕијас, откри дека Грција кон средината на февруари ќе и достави на Македонија нацрт спогодба со четири точки – предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда.

За тоа дали македонската Влада била известена за планот на Грција, владиниот портпарол вчера наведе дека заемно течат сите работи.

– Разговорите се водат под медијаторство на Метју Нимиц во рамки на ООН. Во таа рамка се водат и директни средби  помеѓу министерствата за надворешни  работи, потоа се крена еден степен погоре на ниво  на премиери. Разговорите, преговорите се водат така што заемно ги работиме сите работи, рече Бошњаковски.

Пред десетина дена од македонското МНР за  Телма потврдија дека пговарачите за спорот околу името, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, веќе нема да се среќаваат со посредникот Метју Нимиц, а преговорите за името ќе ги водат делегации од МНР предводени од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. Во оваа фаза поинтензивно ќе комуницираат и директорите за Балкан во Министерствата, Александра Миовска од македонска и Софија Грамата од грчка страна. И двете дипломатки веќе биле присутни на последната рунда преговори во Њујорк и се добро упатени во преговарачкиот процес, велат истите извори.

И покрај создавањето позитивна клима за постигнување договор, во Атина за 4 февруари е закажан нов протест за името на Македонија.

Нимиц посета Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.