Уште една година државна плата бараат екс-претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, поранешните членови Виолета Дума, Игор Милев и Субхи Јакупи, како и Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ, затоа што поднеле барање за апанажа.
Сашо Срцев, поранешен член од ВМРО ДПМНЕ и независните членови Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов не побарале да им се доделуваат државни средства.
Тие тројца се враќаат на претходните работни места пред да станат членови на Државната изборна комисија.
Барањата за апанажа ги поднеле пред еден повеќе од еден месец но собраниската Комисија за избори и именувања не може да донесе одлука поради блокадата од пратениците на ВМРО ДПМНЕ.
Сите членови на ДИК освен Асани Салија од Беса, поднесоа оставки по притисок од јавноста за исплата на надоместоци за спроведувањето на последните локални избори.
Тие на 16.ноември на затворена седница си изгласале бонуси во висина од четири и две дополнителни плати, а на 11.декември поднесоа оставки.