НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли случај на ГАК

0
By Нова ТВ on February 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клиниката за Гинекологија и акушесрвто од Скопје, денеска преку демант го објаснува случајот што вчера ја окупира јавноста, кога татко тврдеше дека неговото дете наводно исчезнало од Клиниката.

-Во врска со инцидентот кој се случи на Клиниката за гинекологија и акушерство на 03.02.2018г. предизвикан од надворешно лице со идентитет познат на полицијата, а сопруг на породена пациентка, ја информираме јавноста дека станува збор за манипулација на јавноста поради следните причини, се вели во соопштението од ГАК денеска.

Од Клиниката тврдат дека случај не постои и дека „лицето кое го предизвикало инцидентот дошло да го види бебето во време на утринска визита и во време кога не е дозволена посета и покрај укажувањата од страна на вработените лица“.

Од Клиниката тврдат дека таткото не  бил одбиен да го види своето дете, туку му било кажано да дојде во време одредено за посета односно во 16 часот.

– Не е точна дадената изјава дека бебето ,,му го нема,, туку дека мајката која како оперирана се уште е на интензивна нега и дека документите се се уште таму. Лицето во неколку наврати културно било информирано за редот на работата и процедурата на покажување на новороденчињата, се вели во соопштението, при што се додав дека дека заедно со татковот на ГАК дошло и „друго женско лице  кое е претставено како близок член на семејството и кое се претсавило како лице вработено во скопска приватна клиника покажувајќи униформа со знак на истата“.

Од ГАК велат дека персоналот од одделението за пуерпериум и детско одделение е сослушан, а нивните изјави се нотирани во полиција  и ниту во еден случај таткото не добил информација дека татково дете не постои.

-Детето идентификувано е покажано и по породувањето на мајката. Новороденчињата не се водат по име и презиме туку по број – родилен проткол, како и други заведени податоци, се наведува во соопштениеот од ГАК, при што се истакнува дека „таткото се однесувал неверојатно агресивно и пред очите на многу други цивили кои се понудиле како сведоци на овој настан“.

Од ГАК посочуваат дека однесувањето на таткото е регистрирано и на безбендосните камери.

-Во неколку наврати се втурнува на одделение на кое е забрането влез на цивилни лица што се забележува и на безбедносните камери. Таткото во изјавата наведува број на легла од болницата кој само вработените го знаат што секако е индикативно по друг основ, се заканувал удирајки со тупаници по стаклото од шалтерот со зборови дека ,,ќе фрлел бомба,, , ,,ќе ги убиел сите,, по што реагирале и вработените, ги навредувал медицинските сестри и докторката со највулгарни зборови исто така пред многу сведоци. На камерите точно се забележуваат и времето на телефонски разговори на лицето, неговото симнување, како и пристигнувањето на медиумот, се наведува во соопштението.

Случајот е пријавен во полиција и од страна на Управата на клиниката.

Што тврди таткото

Неколку медиуми вчера објавија вест дека се случува „драма на Клиниката за Гинекологија“, односно дека  родители обвинуваат дека им го нема бебето. Тие објавија изјава од Јован Волчев од Скопје, според која тој „цел ден барал да ја види ќерката“. Тој натаму тврди дека по неколкучасовни шетања низ клиниката и расправии со медицинскиот персонал каде е новороденчето, на крај му покажале бебе на кое пишувало Василевска, па прецртано и напишано Волчева.

– Ми рекоа во девет часот има визита дојдете подоцна, отидовме во десет и тогаш ми викаат такво бебе со тоа име нема, но дојдете накај 11.30, отидовме и пак викаат не може да го видите заради историјата на мајката а подоцна кога ве повикав и вас ми покажаа бебе со презиме Василевска, но од кај да знам јас дека тоа е мое бебе може има повеќе василевски во болницата, е изјавата на Јован Волчев што ја пренесоа некои медиуми.

Тој повикал и полиција која на Клиниката направила записник и зела изјави од сите инволвирани страни. Таткото рече дека ќе бара и ДНК тест за да знаат кое дете ќе го однесат дома.

Но по првичната изјава со обвинувањата, Јован Волчев повеќе не се појави во јавноста.

ГАК. бебе демант случај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.