Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филаделфија Иглс до прв трофеј во НФЛ рагби лигата

0
By Нова ТВ on February 5, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 5, 2018 12:03

Филаделфија Иглс стигнаa до првиот трофеј во американската НФЛ рагби лига откако ја добија пресметката со фаворитот Њу Ингланд Патриотс на ЈуЕс Банк Стадионот во Минеаполис.

Со резултат 41-33 во извонреден натпревар со офанзивна игра на двата тима и драма до самиот финиш, Филаделфија успеа да ги надигра „Патриотите“.

Ова е прв Супер Бол за Иглс.

Во најголем дел од мечот, „Орлите“ водеа, но „Патриотите“ направија пресврт и поведоа со 32-33 на десет минути до крајот.

На овој натпревар беа срушени неколку рекорди. Се работи за Супер Бол во кој во досегашната историја на лигата, беа освоени најмногу јарди на двата тима.

„Патриотите“ станаа првиот тим во историјата на НФЛ кој имал повеќе од 600 јарди и загубил, а Брејди стана првиот квотербек кој загубил натпревар откако имал додавања за повеќе од 500 јарди, три додавања за тачдаун и ниту една пресечена топка.

Квотербекот на Филаделфија пак, Ник Фолс беше прогласен за МВП на натпреварот и стана првиот играч кој забележал додавање и факање за тачдаун.

Нереди на улиците во Филаделфија

По завршувањето на натпреварот, 1.500 километри подалеку, во славјето на Филаделфија започнаа до сега невидени изливи на емоции.

Аџена Амир, портпаролката на градоначалникот, изјави дека во градот имало неколку чинови на вандализам во рани утрински часови.

„Искршени се прозорци на неколку згради. Полицијата прими повик за грабеж на барем една бензинска пумпа. Фановите урнаа и неколку светлосни столба, при што се повредени неколку лица“, изјави портпаролката непосредно по завршувањето на натпреварот.

Одличен настап на Џастин Тимберлејк на полувреме

Периодот кога се игра Супер Бол, компаниите во Америка, буквално „се тепаат“ кој да се рекламира додека се игра натпреварот, бидејќи според проценките, милиони долари се трошат за маркетинг.

Воедно, исто толку важно за Американците е и настапот на полувреме на некоја од ѕвездите во шоу бизнисот.

За Џастин Тимберлејк, синоќешниот Супер Бол беше трети во неговата музичка кариера, каде што ги изведе некои од најпознатите хитови во придружба на ансамблот „Тенеси кидс“.

НФЛ Њу Ингланд Патриотс рагби Трофеј Филаделфија Иглс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.