Свен Крамер се закити со златен медал во брзо лизгање на 5.000 метри на Игрите во Пјонгчанг. Холанѓанецот постигна време од 6:09,76 минути за трета олимписка титула во поединечна конкуренција, но и за нов рекорд на Олимпијадите.
Второто место го освои Тед-Јан Блумен од Канада со резултат 6:11,616 минути, бронзениот медал заврши на гради на Норвежанецот Свере Лунде Педерсен (6:11,618 минути).