НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕиас: Преферирам име на словенски без превод со географска одредница

4
By Нова ТВ on February 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а некако географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална одредница. Моја желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија, вели Никос Коѕијас, пренесува МИА.

Доколку тој би бил кум на земјата, немало да сака да биде вклучено името Македонија, но сепак, објаснува дека „за жал веќе 25 години, Грција официјално користи сложено име“.

Зборувајќи за предлозите што биле изнесени на маса за новото име, тој вели дека ставовите на раководството на ФИРОМ и неговите се разликуваат.

– Или Горна Македонија, или Северна Македонија или Вардарска Македонија или Македонија – Вардар. Има дебата. Името да биде на латиница, да биде на англиски, од каде ќе се преведува на сите јазици. Тоа е она што мислам дека Скопје би го сакало. Мојата желба е малку покомплексна. Би сакал да биде тоа име кое ќе кажува дека тоа е една друга Македонија, географски ентитет, а не историско наследство на грчка Македонија, вели шефот на грчката дипиломатија во интервјуто за грчката телевизија Алфа, снимено само неколку часа по маратонските преговори во Виена.

За планот на 20 страници, како што објавува Мета, тој објаснува дека првиот дел е готов, а се однесува на името и на изведенките од името.

– Односно, како ќе се користи името – ние сме и за внатрешни и за надворешна употреба, и во меѓународните односи и во билатералните односи. Значи, има име и тоа се користи, но доаѓаат и изведенките. Идентитетот, единството, јазикот. Потоа, се зборува и за трговските марки – има многу производи со името Македонија на двете страни, и, се разбира, тоа мора да престане. Но за тоа нема да зборуваме во овие преговори, вели грчкиот министер за надворешни работи.

За менувањето на македонскиот Устав, тој вели дека сега другата страна на тоа се противи, но е неопходно за долгорочна стабилност.

– Моите пријатели од Скопје веруваат дека нема потреба од промена на уставот. Тоа не може да го направат сега, немаат мнозинство. Сепак, ние веруваме дека за договорот да донесе долгорочна стабилност и консолидација на оваа земја, потребни се уставни измени, инаку се остава простор за спорови во иднина, вели Коѕиас.

Шефот на грчката дипломатија упатува и внатрешна порака, до политичките сили во Грција, посочувајќи дека нерешавањето на спорот ќе остави големи можности за мешање на Турција во регионот.

– Оние што сакаат уставот да се смени сега и тука, знаат дека тоа нема да се случи. И тоа се тие што не сакаат договор. Но, сакам да појаснам дека несогласувањето со северниот сосед ќе значи продолжување на проблемот. Тоа ќе значи дека во регионот ќе имаме постојан извор на нестабилност, поради што Турција ќе се обидува да интервенира. Заев беше во Турција, како што знаете, војската на северниот сосед е обучувана од Турција. Сметам дека е добро да ги развиеме нашите односи, за тие работи да се одвиваат во добра соработка, вели Коѕиас.

Тој открива детали за грчките позиции, за нацрт спогодбата, за нашата евро-атлантска перспектива, за медијаторот Нимиц, но и каде се наоѓаме во преговорите.

Шефот на грчката дипломатија вели дека во Виена имало речиси 12 часа континуирани преговори, но сѐ уште не постои договор за ниту една точка, барем според неговата перцепција. Во однос на изјавата на македонскиот премиер дека се отстранети три од седум точки во разговорите, Коѕијас, вели дека понекогаш е важно како се толкуваат, затоа што „можеби господинот Заев мисли дека сме договорени за генералните принципи за решение на некои проблеми, а јас можеби мислам на попрактичното решение“.

-Мислам дека премиерот Заев изразува еден оптимизам што е добар за преговорите. Имавме разговор точка по точка и кога преговараш точка по точка, во основа за ништо не можеш да се согласиш. За секоја точка имаш мислење, има и другата страна свое мислење. Она што можеш да направиш е овие различни мислења да ги ставиш во еден пакет. Академски, ова го викаме пакет решение,што значи јас ќе ти дадам нешто што не е толку важно за мене,но за тебе е поважно, а ти ќе ми дадеш едно прашање што е важно за мене, а за тебе е малку помалку важно. Затоа што во спротивно нема да има договор, објасни шефот на грчката дипломатија.

Коѕиас објаснувајќи дека месецов ќе дојде во Скопје со план на 20 страници, вели дека првиот дел е готов, а се однесува на името и на изведенките од името.

Се очекува Коѕиас да биде првиот грчки висок функционер што ќе слета на скопскиот аеродром, како гест на добра волја по неговото преименување од „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром Скопје.

АлфаТВ Грција името Косијас Македонија сложено име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.