https://www.facebook.com/kanalvis/videos/1667179189985057/
Во Струмица денеска се одржува традиционалниот Струмички карневал. Како и секоја година, маските кои дефилираат низ улиците се уникатни, главно групни, а најатрактивни се гостите од Аруба кои во стилот на Рио заиграа самба и румба. Годинава се очекуваат околу 1.700 маскирани учесници.

Тие предизвикуваат големо внимание, па во Струмица вечерва има многу домашни, но и странски гости.
Меѓу останатите се и премиерот Зоран Заев и повеќе министри. Тие присуствуваа на приемот за карневалските групи и гости што го приредува градоначалникот на Струмица и Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.
Претседателот на Федерацијата на европските карневалски градови, Фердинанд Ван дер Крон му врачи медал на премиерот Заев за неговиот огромен придонес во развојот на Струмичкиот карневал. На приемот присиствуваа амбасадори и претставници на дипломатските претставништва.
https://www.facebook.com/kanalvis/videos/1667208479982128/
*Фотографиите се од сајтот Струмица денес