„Црниот Пантер“, најновиот филм за суперхеројот на Марвел ги руши рекордите. Филмот кој стана симбол на значењето „мора да се погледне“, стана филм со петта најголема заработувачка при премиерно прикажување, зад „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, „Војна на ѕвездите: Последниот Џедај“, „Светот на јура“ и „Одмаздници“.
„Дизни“ проценува дека „Црниот Пантер“ ќе заработи 218 милиони долари во домашните кина за празничниот продолжен викенд и 361 милион на глобално ниво.
А филмот допрва треба да се прикажува во кино салите во Кина, Јапонија и Русија.
Филмот за суперхеројот веќе влезе меѓу 15-те филмови со најуспешна светска премиера на сите времиња.

Изработката на самиот филм на Рајан Куглер чини 200 милиони долари, што го прави најскап филм на сите времиња со доминантно црна актерска постава.
Актерот Чедвик Босман ја игра улогата на Црниот Пантер, Мајкл Б. Џордан го толкува Килмонгер, а Лупита Нионго ја глуми Накиа.