Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Неопходна е реформа на системот за социјална заштита

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 20, 2018 12:32

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ по повиод Меѓународниот ден на социјалната правда ја повикува државата што поскоро да започне со реформа на системот за социјална и здравствена заштита, како и образовниот систем со цел подобрување на еднаквиот пристап на граѓаните до сите добра и услуги кои државата ги обезбедува, а со тоа подобрување и на квалитетот на живот.

-Особено внимание треба да се посвети на ранливите групи, за кои конечно треба да се применат ефикасни политики за подобрување на нивниот социјален и општествен статус. Ова секако ги опфаќа политиките за вработување на овие лица и механизмите за заштита при прекршување на нивните права, се вели во денешното соопштение.

Од Хелсиншкиот комитет исто така додаваат дека во најскоро време треба да биде донесена нова стратегија за деинституционализација и државата сериозно да започне со нејзина примена, со цел најранливите лица, сместени во институциите од системот, конечно да добијат соодветна вонинституционална грижа.

-Во Република Македонија регистрираме голем број на повреди на економските и социјалните права на граѓаните, што се должи на се поголемата сиромаштија во земјата,  високиот степен на невработеност, но и на бавните реформи во делот на социјалната и здравствената заштита. Лицата со попреченост, Ромите, текстилните работнички, жените од руралните средини се уште се едни од најранливите групи во нашето општество, за кои државата се уште не презема суштински мерки за унапредување на нивниот социјален и општествен статус. Образованието останува недостапно за многу лица од овие групи, главно поради непристапноста на образовните објекти за лицата со попреченост и девојчињата од руралните средини, како и поради испишувањето на голем број ученици од ранливите групи поради сиромаштија на семејствата и влегувањето во малолетнички бракови, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет.

социјална заштита социјална правда Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.