Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавров од Белград: Се прекршува Охридскиот договор

0
By Нова ТВ on February 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 22, 2018 08:37

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, по синоќешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград  на прес-конференцијата повторно зборуваше за ситуацијата во Македонија во контекст на, како што кажа, „големоалбанските идеи“, пренесува МИА.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со Косово и пасивноста на ЕУ околу големоалбанските идеи, Лавров кажа дека „секако не може да не не загрижува пасивноста на ЕУ околу иницијативата што се појави од Тирана за т.н. тиранска платформа, која е апсолутно нескриен повик за создавање голема албанија“.

-Еве, неодамна, кога во Македонија имаше парламентарни избори, претседателот на Парламентот, на столот во својот кабинет го стави албанското знаме – во Македонија. Овие денови, шефот на албанската влада Еди Рама, гордо изјави дека токму тој од Албанија го иницирал законот во македонскиот Парламент, кој му дава на албанскиот јазик статус на државен јазик. На тој начин се прекршува Охридскиот договор, кој сите со олеснување го примивме, бидејќи ја олесни кризата во Македонија пред многу години, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Лавров констатираше и дека доколку сега „се урнат овие достигнувања, што толку тешко ги усогласувавме и во Македонија, и во Босна или било каде на Западен Балкан, тогаш ќе имаме основа да ја замолиме ЕУ да даде извештај на кој начин тие ги исполнуваат сопствените одлуки и колку одговараат на довербата која меѓународната заедница им ја дала“.

Ова не е лесна состојба-заклучи Лавров, објаснувајќи го рускиот став за непризнавање на Косово и бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина, кој според Лавров, бавно се реализира поради пасивноста на ЕУ.

Белград голема албанија Лавров Македонија Охридски договор Тиранска Платформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.