НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична пријава против Марјан Цветковски, директорот на МРТ

1
By Нова ТВ on February 25, 2018 ПОЛИТИКА
Марјан Цветковски
Марјан Цветковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полицијата поднесе  кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против директорот на МРТ, Марјан Цветковски. Во пријавата од Единицата за економски и компјутерски криминал, Цветковски се сомничи дека го оштетил буџетот на МРТ за повеќе од милион денари, пари кои отишле на сметка на „Аналитико“.

Во пријавата пишува дека Цветковски, при спроведување на отворена постапка во хартиена форма што завршува со „е-аукција“ за јавна набавка – “Електронско мерење на ТВ аудиториум со пиплметри на територијата на РМ“ за потребите на ЈП МРТ Скопје, склучил договор со правното лице “Аналитика“ ДООЕЛ – Скопје. Иако, Цветковски знаел дека во – “Извештајот од спроведената постапка“ изготвен од Комисијата за јавни набавки при ЈП МРТ Скопје , економскиот оператор “Аналитика“ понудил нова намалена единечна месечна цена од 87.637,50 денари во однос на почетната единечна месечна цена од 175.000 денари и бил даден предлог, постигнатата нова цена да биде избрана како најповолна понуда, сепак тој по претходен договор со одговорни лица од Аналитика, донел Одлука за избор на најповолна понуда со која за најповолен понудувач ја избрал оваа фирма.

Договорот бил склучен на 13.07.2016 година. Со ова, според МВР, Цветковски ја злоупотребил својата службена положба со намера на “Аналитика“ ДООЕЛ да и овозможи противправна имотна корист.

Пријава е поднесена и против лицето кое ја застапувало „Аналитика“ Г.С.

Договорот бил склучен на вкупна вредност од 2.100.000 денари без пресметан ДДВ,иако знаеле дека согласно последната постигната аукциска цена спогодбата требало да биде склучена на износ од 1.051.650 денари без пресметан ДДВ за 12 месеци. Со ова , МВР смета дека двајцата го оштетиле буџетот на ЈП МРТ за повеке од еден милион денари, а истовремено за толкав износ прибавиле противправна имотна корист за правното лице .

Марјан Цветковски од неодамна по трет пат беше избран за директор на МТВ. Цветковски ниту еднаш за време на своето долгодишно директорување не поднесе анкетен лист за имотната состојба до Државната антикорупциска комисија.

МРТ пријава Цветковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.