Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да започне судскиот процес за постапката за апсење на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Во случајот што го покрена СЈО, под кодно име „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, да им се суди само на шетмината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК.
На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд, кој треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков.