Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муижниекс за МИА: Загрижува етничката сегрегација во училиштата

0
By Нова ТВ on March 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 2, 2018 13:18

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс смета дека е загрижувачка етничката сегрегација што постои во Македонија, особено во училиштата и недостаток на интеракција помеѓу заедниците.

– Она што ме фрапираше е што сегрегацијата на локално ниво, во училиштата е продлабочена, тоа ме загрижува. Важно е да има инклузивно образование. Треба да обезбедите можности да се научат другите јазици од рана возраст, а не од четврто одделение. Особено  за немнозинските заедници, бидејќи ако не го научат јазикот на мнозинството, тие нема да бидат способни да комуницираат со многу луѓе во земјата. Се разбира во оние делови населени со немнозински заедници, мнозинството треба во најмала рака да има можност да ги научи овие јазици. А денеска таква можност немаат. Ви треба долгорочен систематски напор за учење јазици. Тоа значи нови учебници, нови материјали, нови обуки за наставници, вели тој во интервју за МИА.

Муижниекс, кој кон крајот на јануари ја посети Македонија, вели дека бил изненаден колку малку дискусии има за тоа како во училиштата треба да се предава конфликтот (од 2001 година.н.з..). Зошто децата одат во различни училишта? Зошто е толку контроверзно оваа партија да биде на власт, а не другата? Како ги учите децата за тоа?

-Ако не ги учите во училиште, ќе научат на друг начин, од домашните, од пријатели, мора да имате дискусија. Може да е тешко да се постигне целосен консензус. Но мора да имате дискусија во дух на взаемна почит за ова, истакнува комесарот за човекови права.

Во врска со законот за јазици, Муижниекс препорачува да се добие мислење од Венецијанската Комисија, но и да се побара помош од други држави со слични искуства.

-Како да ја најдете таа рамнотежа секој да се чувствува безбедно во својот идентитет, а да нема дополнителна сегрегација или поларизација во земјата? Второ, треба да  се размислува на долг рок. На кој јазик ќе комуницираат луѓето за 10 години? Имам чувство дека многу луѓе не размислуваат за ова. Треба време за нови учебници, обучување наставници. Има многу меѓународни искуства, искористете ги! Треба да го најдете вашиот начин, но постојат искуства од кои можете да се инспирирате, истакнува Муижниекс за МИА, чиј шестгодишен мандат на оваа функција во Советот на Европа завршува во април.

етничка сегрегација Закон за јазици Муижниекс човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.