НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Лакост“ го менува крокодилот на логото во знак на загрозените животни

0
By Нова ТВ on March 2, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брендот „Лакост“ соопшти дека го менува познатото лого – крокодил, во лимитирана колекција во која на лого ќе стојат десетте најзагрозени видови на животни.

Колекцијата е направена така што ќе има толку поло-маички со лого на животното, колку што се преостанати во светот.

Калифорниска морска крава:

Се работи за цицач кој живее во морските води, со тежина до 50 килограми и должина до 1.5 метри. Според проценките на институтите кои се занимаваат со зачувување на животните, на светот има уште околу 30 калифорниски морски крави.

 

Желката од Мјанмар:

Оваа желка живее во слатките води а нејзино живеалиште е Мјанмар (или по старо Бурма) и затоа е позната како Бамарска желка. Најодговорен за нејзиното истребување е човекот. Во светот има уште околу 40 вакви желки.

 

Северниот спортски лемур:

Ова животно тежи околу 800 грама. Најприсутно е во сувите шуми во Северен Мадагаскар. Поради индустриското уништување на нивната природна животна средина, во светот има уште околу 50 вакви лемури.

 

Јавански носорог:

Јаванскиот носорог е ретко и тивко животно. Овие носорози, околу 70, живеат во Индонезија и се официјално заштитени во државата и не смеат да се ловат.

 

 

Као-вит гибон:

Овој вид на мајмун е најреткиот во моментов. Тежи од 5 до 10 килограми, но тоа не му претставува пречка за лесно да се движи од гранка на гранка. Најприсутен е помеѓу Кина и Виетнам, а ги има уште 150 во моментов.

 

Какапо:

Се работи за папагал кој не може да лета. Типичен е за Нов Зеланд а расте до 60 сантиметри. Во изумирање е затоа што тешко се размножува. Се проценува дека има уште 157 во животинскиот свет.

 

Калифорниски кондор:

Калифорнискиот кондор е најголемата птица во воздух во Америка. Има долго тело покриено со црни пердуви и ќелава глава. Ги има уште 231 ваква птица.

 

Саола:

Саолата може да се каже дека е срамежливо животно, тревопасно, кое живее на планините во Виетнам и Лаос, но поради индустриското ширење, загрозен е и нивниот опстанок.

На светот ги има уште 250 вакви животни.

 

 

Суматрански тигар:

Суматранскиот тигар е месојад кој може да тежи и до 100 килограми, а да биде долг и до 2 метри. Живее на териториите на Индонезија. Генетски се разликува од останатите тигри. Ги има уште 350 во светот.

 

Анегада Игуана:

Овој вид на игуана е автентична за Анегада на Британските Девствени Острови. Може да тежи до 6 килограми. Живее во тропските предели. Поради уништувањето на нивната животна средина тие се раселуваат, по што стануваат лесен плен за мачките и кучињата најчесто.

На светот ги има уште 450 вакви игуани.

„Лакост“ Крокодил лого
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.