Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, поднел барање од Кривичниот суд да му биде вратен пасошот, кој како мерка на претпазливост пред неколку месеци, му беше одземен во случајот „Таргет“.
Мијалков го барал пасошот поради лични причини, а одлуката треба да ја донесе Кривичниот совет.
Ова е втор обид на Мијалков да си го врати пасошот.
Претходно Мијалков и неговите адвокати во барањето се повикале на судската пракса, во врска со случајот кога на премиерот Зоран Заев му беше вратен пасошот, кој му беше одземен како обвинет во случајот Пуч.