НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗШВ: Се менува Правилникот за брашното но нема дополнителни давачки

1
By Нова ТВ on March 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Измените во Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркици за означување на брашното, се со цел да се избегне заобиколување на одредбите од самиот Правилник. Новина е што маркиците ќе се лепат во Македонија наместо како што беше претходно, додека брашното се пакуваше во Србија.

„Решението за издавање на контролни маркици од МЗШВ ќе се издава откако ќе се добијат резултатите од анализите од земените мостри за квалитет и безбедност на увозното брашно, и истите ќе се лепат во Македонија, пред увозното брашно да се пушти во промет. Потенцираме, дека овие правила важат и за македонските производители на брашно. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изврши само усогласување на постоечкиот Правилник, со цел да се гарантира безбедност и квалитет на увозното брашно и дека истото ќе се пушта во малопродажба откако ќе добие контролна маркица“, појаснуваат од Министерството за НОВА.

Оттаму дополнуваат дека иако Србија засега реагира, со измените во Правилникот, нема никакви дополнителни финансиски трошоци за увозниците и не се воведуваат никакви нетарифни бариери, единствено нешто што се менува е редоследот на активности при увоз на брашно од странски земји.

„Република Македонија ниту воведува нови давачки, ниту воведува нецарински/нетарифни бариери, напротив има намалување на давачките. Конкретно лани со Измените за висината на надоместокот за издавање на контролни марки за означување на брашно, се намалува цената на контролните маркици“, тврдат од Министерството.

Контролните маркици кои се база на овој „спор“ меѓу Македонија и Србија се воведени во 2013 година преку измени на Законот за квалитет на земјоделски производи.

Според овие измени, во промет може да се пушти само брашно кое што има конторлна маркица. Ова важи и за увозното и за домашното брашно.

Во меѓувреме, од кабинетот на министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ, најавија дека тој утре доаѓа во Скопје на средба со македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, за директно да ги разјаснат прашањата кои се отворија со брашното.

брашно Македонија маркици Србија увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.