Новинарката и уредничка во Сител и Вечер, Ивона Талевска, која беше осудена за затајување данок, преку нејзините две фирми во периодот 2008-2015 година, свртела над 800 илјади евра, за која сума не платила целосно данок од над 50 илјади евра, за што беше осудена на условна казна, објавува порталот „Сведок.“
Ивона Талевска, како што е познато од пресудата и од обвинението по кое и се судеше во случајот „Тифани“, прикажувала како трошок на фирмите, во кои таа била основач и сопственик, без ниту еден вработен, дека се што купува за дома е за потребите на фирмите.
Според обвинението, кое е составен дел на пресудата, бидејќи Ивона Талевска призна вина па не се утврдува фактичка состојба, таа како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје која постоела до 2012 година и агенцијата „Смарт“ која постои од 2011 наваму, заедно во периодот 2008 до 2015 година со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок.
Ивона Талевска за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра, или се вкупно над 54.500 евра.
Повеќе за истражувањето на „Сведок“, кликнете на линкот кој ве води до порталот.