НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: Сослушани тројца сведоци, ново рочиште на 21 март

3
By Нова ТВ on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тројца сведоци беа сослушани на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник минитер во МВР Ѓоко Поповски. По нивните искази, судијката Добрила Кацарска го прекина судењето поради неприсуство на четвртиот сведок, кој бил уредно поканет.

Следното рочиште е закажано за 21 март.

На сослушувањето од СЈО, сведокот Силвана Трповска, вработена во 2012 година во одделение за менаџмент и набавки во МВР, рече дека присуствувала на отворањето, дека била пристигнатата само една понуда и оти од тоа бил составен записник.

Како сведок на СЈО беше сослушан и Љубе Пешевски вработен во МВР во 2012 година како советник за набавка на автоделови во МВР. Посочи дека бил заменик член на месстото на началникот Ненад Николовски и присуствуал само на отворањето на понудата и понатаму не учествувал во постапката.

Третиот сведок Михајло Зографски е вработен во „Макаутостар“ и во 2012 година бил директор на продажба на комерцијални возила од марка „мерцедес“ и „мицибуши“. Тој пред судот кажа дека нема многу информации за таа набавка бидејќи на подготовката на понудата работел негов колега, а тој бил замолен дигитално да ја потпише понудата за да може да се поднесе.

– Не, немам никакви дејствија преземено за подготовка на понудата. Се беше подготовено од мојот колега и јас само го потпишав со потврда од мојот претпоставен, рече Зографски, кој потенцира дека немал никаков контакт со вработени во МВР за оваа понуда.

На денешното судење беше повикан и четвртиот сведок Бранко Лапчевски кој не присуствуваше иако бил уредно поканет. Со негово сослушување ќе продолжи рочиштето на 21 март.

Предметот „Тенк“ се однесува на набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. На денешното рочиштето присуствуваат обвинетите – Груевски, Јанкулоска и Поповски, кои по завршувањето не дадоа изјави за медиумите.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

сведоци судење тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.