НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Васе Доневски доби притвор, Волфганг Гампер мерки на претпазливост

2
By Нова ТВ on March 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека судија на претходна постапка, постапувајќи по барањето од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изрекол притвор за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, а мерки на претпазливост за Волфганг Гампер, сопственик и управител на компанијата „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“.

Притворот го изрекол судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје I Скопје.

Управата за финансиска полиција вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување и „соизвршителство“ против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Васе Доневски и против странскиот државјанин В.Г.  сопственик и управител на Друштвото за обезбедување и услуги „Сејкуриком мулти сервис интернационал“ ДОО Скопје.

Според  Сузана Петровска од Финансиската полиција, првопријавениот Доневски испратил известување за оглас за јавна набавка до седум електронски оператори . Четири од нив, Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком мулти сервис интернационал“ ДОО Скопје, Друштвото за услуги „Секјуриком сервис“ ДООЕЛ увоз – извоз – Скопје, Друштвото за услуги АПС ДОЕЛ Скопје  и „Топ сервис“ ДОЕЛ Скопје се капитално поврзани односно сите се  во сопственост на второпријавениот.

Друштвото за производство, трговија и услуги „Серта“ ДОЕЛ увоз – извоз Скопје и Друштвото за хигиенско-технички услуги „Техночист“ ДОО Скопје , пред јавната набавка имале соработка со „Секјуриком мулти сервис интернационал“.

Друштвото за трговија и услуги „Еко клининг“ ДОЕЛ Скопје е фамилијарно поврзано со „Серта“ ДОЕЛ.

Пријавените склучиле договор за извршување на услуги прекршувајќи го Законот за јавни набавки со што оформиле неделива постапка за јавна набавка која меѓусебно опфаќала пет дејности коишто не се поврзани: одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, услуги за обезбедување и ПП заштиа и услуги за оперирање со ТТ централи за органите на Државната управа.  Сето тоа, било со намера да се намали и елиминира конкуренцијата, ја избегнале можноста и за електронска аукција со која ќе се овозможи конкурентно наддавање и намалување на цената на услугите. „Секјурикум мулти сервис интернационал“ се стекнало со противправна имотна корист во износ од 660.834.855 денари.

Петровска објасни дека истите простории сега се чистат за речиси половина од цената постигната на спорниот тендер, поточно за 45 проценти, само затоа што на новиот тендер била овозможена конкуренција при наддавањето.

Од компанијата Секјуритиком попладнево соопштуваат дека информациите кои произлегоа во јавноста се неосновани.

– Како компанија, ниту еднаш досега не сме влијаеле за некој тендер, ниту пак сме злоупотребиле било каква положба која сме ја имале со што би стекнале противправна имотна корист. Сите договори со клиентите и добиени тендери од државни институции се законски добиени, согласно законските прописи. Сите наши договори биле јавно достапни. Она кое е важно да се напомене е дека сумата која се споменува во јавноста е за период од 3 години, и од неа биле исплаќани плати и придонеси за 500 лица кои работеле за потребите на службата – велат од компанијата.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека станува збор за обид за дефокусирање на јавноста од носењето на Законот за јазици.

– Само во држава каде што не владее правдата и каде што постапки се водат врз база на политички нарачки, а не врз база на аргументи, може да се креираат случаи во кои кривично се гонат лица, а нема утврдено никаква штета – велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.