Се проценуваат штетите по невремето кое го погоди Охрид. Високиот водостој на езерото од десетина сантиметри над максимално дозволената кота заедно со ветерот кој дуваше со над 100 километри на час, придонесоа наместа брановите да ги префрлат бетонските бариери долж Кејот на езерото во градот, нанесувајќи поголеми количества вода што канализацискиот систем за одвод не може да ги прифати.
Проблематично е на одредени точки каде системот за одвод е со помал капацитет, главно на самиот брег во Стариот дел на градот, во одредени угостителски локали и ресторани каде терасите се навлезени во самото езеро.
Така е и со Мостот на желбите што ги поврзува Сараиште со Канео, кој не ги издржа налетите на ветрот и силните бранови.
Ветерот предизвика и проблеми на некои покриви на постари објекти и слабо обезбедени ламарени кровни конструкции. Позитивна околност е што моментално нема врнежи од дожд, така што штом ја загуби силата водата ќе се повлече низ канализацијата.
https://www.facebook.com/ljupco.markoski/videos/10208681612117029/
Од УХМР велат дека во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. В недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.
Фото: Ohridnews