Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поткуп: На 26 март и јавноста ќе ги гледа снимките од ПИМ

3
By Нова ТВ on March 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 19, 2018 10:31

Поради немање услови да се гледаат снимките од ПИМ, судењето за „Поткуп“ е одложено за 26 март.

Претходно судот одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни.

Обвинителите од Обвинителството за организиран криминал и корупција се против ова барање. Обвинителката Валентина Бислимовска кажа дека станува збор за класифицирани материјали, што се декласифицирани само за судењето.

И Заев побара да биде вклучена јавноста за, како што рече, да си поврати дел од изгубената чест.

Задоволен сум што Судот денеска го прифати моето барање за јавно изведување на доказите, односно јавноста да биде присутна во судската сала кога ќе биде пуштена видео снимката што е доказ во судската постапка на предметот „Поткуп“,  изјави премиерот Зоран Заев денеска пред Кривичниот суд по завршувањето на рочиштето.

Заев посочи дека видео снимката влијаела многу на неговата чест, углед и на приватност.

– Почнаа суштините на постапките во случајот „Поткуп“ што се води против мене. Денеска сум задоволен што Судот го прифати барањето на мојата одбрана, но и моето да се направи јавно изведување на доказите, односно видео снимката која влијаеше многу на мојата чест, углед и на приватноста да биде јавно презентирана од причина што се гледа дека на двапати е пресечена токму во во моментите каде впечатокот е целосно различен од тоа што е прикажано во јавноста, рече Заев.

Тој нагласи дека му е значајно како премиер и претседател на најголемата политичка партија во Македонија снимката да биде транспрентно до крај и јавно презентирана за да можат граѓаните да имаат свој сопствен впечаток за тоа што се случувало и што всушност се разговарало. 

За денеска беше предвидено исказ да даде Николов Сачевалиев кој  на претходното рочиште на 6 март не присуствуваше, бидејќи наводно не бил уредно поканет. Исто така, треба да бидат прегледани и доказите и ЦД-та.

Заев на претходното рочиште на 6 март рече дека не се чувствува виновен и дека е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него, конструирано во периодот кога беше лидер на опозицијата.

Според Заев, станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР за да тој како тогашен лидер лидер на опозицијата, престане со проектот „Вистината за Македонија“, односно со објавувањето на т.н. бомби во првата половина од 2015 година.

-Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе се потврди дека обвинението за поткуп е бесмислено – рече Заев пред судот.

Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поткуп. Го замоли судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата. Побара и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.

Заев јавност ПИМ поткуп снимки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.