Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не сум виновен, „Поткуп“ е конструирано обвинение

3
By Нова ТВ on March 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 6, 2018 13:56

Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ пред судот изјави дека не се чувствува виновен и дека во судскиот процес ќе се разобличи обвинението конструирано против него додека тој беше лидер на опозицијата.

Според Заев, станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР за да тој како тогашен лидер лидер на опозицијата, престане со проектот „Вистината за Македонија“, односно со објавувањето на т.н. бомби во првата половина од 2015 година.

-Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе се потврди дека обвинението за поткуп е бесмислено – рече Заев пред судот.

Тој рече оти очекува дека со прегледувањето на доказите да се потврди дека станува збор за собирање донации за Соборниот храм во Струмица и за негови повици до бизнисмените да донираат за изградба на тој храм, што било прифатено од нив. Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поткуп.

Премиерот побара од судот да и овозможи пристап на јавноста до сите докази кои ќе биде изнесени на судењето, како и што е можно поскоро да се закажуваат судските рочишта.

Неговите адвокати претходно истакнаа дека Заев не е виновен  и дека додека бил градоначалник на Струмица не направил ништо незаконито согласно тогашните закони за откуп на градежно земјиште.

Одбраната наведе дека  сведокот, односно бизнисменот Иван Николов Сачевалиев  не му дал ниту едно евро на Заев и на неговото семејство, ниту пак дал пари за изградба на црквата. Од друга страна, рекоа адвокатите, Заев и неговото семејство дале 50 илјади евра за изградба на црквата. Сачевалиев, според одбраната, бил запознаен со ова и сакал да создаде лажна слика дека Заев бара подарок за себе како услов за да се завршат постапките за откуп на земјиштето. Сведокот бил свесен дека станува збор за донација за црква, а не за поткуп.

Обвинителот, пак, образложувајќи го обвинението, рече оти ќе докаже дека Заев е виновен.

Инаку, на денешното рочиште, судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките од посебните истражни мерки, од кои делови беа објавени на видео-сервисот „Јутјуб“ да бидат доказ во постапката.

На денешното рочиште во судот не се појави сведокот Иван Николов Сачевалиев.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен.

Судењето за „Поткуп“ треба да продолжи на 19 и 26 март, за кога, како што е најавено треба да бидат изнесени доказите и ЦД-та со снимките од ПИ-мерките.

Зоран Заев поткуп Сачевалиев судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.