Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постои ли врска помеѓу Кембриџ Аналитика и Русија

1
By Нова ТВ on March 20, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 20, 2018 16:13

Постои ли врска помеѓу Кембриџ Аналитика, 50те милиони профили од Фејсбук користени за влијание на гласањето во САД и руското влијание во победата на Доналд Трамп?

Досега нема ниту еден цврст доказ во таа насока, но според Гардијан и Обзервер, Александар Коган, човекот кој за Кембриџ Аналитика ја креирал алатката за користење на податоци од Фејсбук, предавал на руски унверзитет и правел истражување финансирано од руската влада.

Додека Коган ги претворал податоците од Фејсбук во политичко влијание, бил и професор на државниот унверзитет во Санкт Петерсбург и работел на истражување на тема “Стрес, здравје и психолошка добросостојба на социјалните мрежи”. Коган зборува и руски а едно негово предавање било на тема “Нови методи во комуникацијата како ефикасен политички инструмент”.

Енергетската руска компанија Лукоил, која сега е на листата на санкции на САД,  побарала од Кембриџ Аналитика да ја презентира својата работа за 2014 година. На таа презентација Кембриџ Аналитика зборувал за “микро-таргетирање” на социјалните мрежи во период на изборни кампањи.

Властите најавуваат истраги

По најновиот скандал во кој главни актери се Фејсбук и американско-британската фирма Кембриџ Аналитика, социјалната мрежа вчера загуби 7 отсто од вредноста на акциите на Вол Стрит.

Обвинителот на Масачусец најави дека отвора истрага а американските сенатори побараа објаснувања од Марк Цукерберг, газдата на Фејсбук.

Истрага најави и Велика Британија бидејќи “јавноста треба да знае како нивните податоци се користат и како се споделуваат во денешните политички кампањи и какво потенцијлно влијание тоа има врз нивниот живот”, вели Елизабет Денхам, комесар за информации на Велика Британија.

Во ЕУ, комесарката Вера Јурова изјави дека овие информации се “застрашувачки” и дека таа ќе оди во САД да побара објаснувања во Фејсбук за овој скандал.

Фејсбук вчера најави дека повеќе нема да работи со Кембриџ Аналитика, а фирмата демантираше дека има било какво влијание врз победата на Трамп, но тоа не го запре падот на акциите.

Како Кембриџ Аналитика ги користел ФБ профилите?

Кембриџ Аналитика е приватна фирма која нуди услуги на влади, фирми… накусо на секој што може услугата да ја плати. Според Гардиан и Њујорк Тајмс, Кембриџ Аналитикс му помогнала на Доналд Трамп да дојде на власт, работела за да победи брегзитот во Велика Британија и продолжува да работи и понатаму за Белата куќа чијшто кираџија има намера да остане на власт уште една мандат. Фирмата работи и во некои земји во Африка а работела во источно-европските земји.

Во 2015 година Кембриџ Аналитика испратила тест до корисниците на Фејсбук. Тест на нивната личност и им ветила дека за пополнување на тестот ќе бидат платени. На овој повик одговориле 270.000 лица и со тоа дале пристап до нивните информации на Фејсбук но и на тие на нивните пријатели. Така, Кембриџ Аналитика имал пристап до 50 милиони корисници на Фејсбук.

Постапката на Кембриџ Аналитика е легална но многумина сметаат дека станува збор за нарушување на приватните податоци. Корисниците на Фејсбук не знаеле дека нивните одговори ќе служат за креирање на информатичка програма ниту пак дека од нивните профили ќе бидат искористени и профилите на нивните пријатели на социјалната мрежа. Ниту пак дека Фејсбук ќе биде искористен за да му помогне на Трамп да победи.

Самата техника не е непозната. Според една студија од 2014 година на Универзитетот во Кембриџ, докажува дека “лајковите” на Фејсбук им дозволуваат на експертите со голема точност да ја скицираат психолошкиот портрет на корисникот на социјалната мрежа а науката се нарекува психометрија.

Мајкл Косински, автор на оваа студија, тврди дека Фејсбук подобро го познава корисникот на социјалната мрежа од неговите најблиски само со анализа на неговите “лајкови”. Така, со оваа методологија може точно да се утврди кој е исплашен, интровертен, налутен, нервозен…. Накусо, студијата опишува еден вид Гугл кој може да бара луѓе според нивниот карактер.

Денес Фејсбук се брани и тврди дека корисниците сами дозволиле пристап до нивните податоци па оттука не се работи за нарушување на нивните лични податоци. Нуала О‘ Конор, претседателка на Центарот за демократија и технологија во САД, за Ројтерс изјави дека Фејсбук покажал голема наивност со тоа што и поверувал на добрата волја на Кембриџ Аналитика. Но таа исто така е изненадена поради тоа што Фејсбук знаел, уште од 2015 година, за злоупотребата на личните податоци и молчел.

Дарк пост

Според француската телевизија БФМТВ, Кембриџ Аналитика користела една малку позната функција на Фејсбук наречена “дарк пост”. Таа овозможува да се испрати порака само до одредени профили и таа порака можат да ја видат само одбраните профили. Пораката не се појавува јавно па оттука новинарите или други лица не можат да ја видат. На пример, ако еден човек во САД покажал со своите пораки и “лајкови” на Фејсбук дека е поддржувач на поседувањето оружје, тој човек добива порака со слика на која пишува: “Знаеш ли дека Хилари Клинтон сака да ти го одземе оружјето?”. Оваа порака стасува на неговиот “тајмлајн” во текот на одреден момент од денот, определен според неговите дневни навики кои исто така му се познати на Фејсбук. По извесно време пораката исчезнува.

Оваа методологија се користела во последните недели на претседателската кампања во САД. Така, сосема неочекувано, на 8 ноември 2016 година државата Висконсин му дала на Трамп 23.000 гласа повеќе отколку на Клинтон. Истото се случило и во Мичиген со 11,000 гласа повеќе за Трамп и во Пенсилванија со 43.000 гласа повеќе за Трамп. Според резултатите, 77.000 гласа во овие три држави му ја овозможиле победата на Трамп.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.