Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Фејсбук, преку Кембриџ Аналитика, податоците завршувале кај Трамп

7
By Нова ТВ on March 20, 2018 ВЕСТИ
Александер Никс, извршен директор на Кембриџ Аналитика
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 20, 2018 08:56

Техничкиот гигант “Фејсбук” и фирмата за анализа на податоци “Кембриџ Аналитика” се во центарот на скандалот околу собирањето и користењето на личните податоци – и дали тоа било искористено за да влијае на резултатот од претседателските избори во 2016 година или референдумот на Брегзит во Велика Британија.

Оваа сензационална приказна содржи наводи за психолошка манипулација и злоупотреба на податоци што предизвика меѓународни реакции, иако двете фирми негираат каква било злоупотреба.

Како е откриена аферата

Британската телевизија Њуз Ченел 4 (News Channel 4) испратила новинар, кој се претставил како клиент кај директорите на Кембриџ Аналитика, компанија за која се вели дека помогнала во победата на Трамп на претседателските избори.

Репортерот се претставува како бизнисмен од Шри Ланка, кој сака да влијае на локалните избори.

На видеото кое е снимено тајно, шефот на “Кембриџ Аналитика”, Александар Никс наводно кажува примери како неговата фирма може да ги дискредитира политичките ривали преку организирање разни „мрачни“ кампањи, вклучително и наместени средби со проститутки и примање поткуп кој случајно би бил фатен на камерата.

Фирмата ги негира сите тврдења и вели дека во документарецот бил „монтиран, уредуван и така наппишан, да ја прикаже природата на тие разговори грубо”. Од компанијата тврдат дека тие разговори всушност ги воделе новинарите, а не претставниците на компанијата.

-Морам категорично да кажам дека Кембриџ Аналитика не одобрува или не се занимава со поставување замки, мито или мамки, ниту, пак, користи невистинити материјали за каква било цел, изјави Никс.

Која била улогата на Фејсбук?

Во 2014 година Фејсбук на корисниците им нуди квиз за да дознаат за тоа каков тип на личност се.

Апликацијата е развиена од академик Александар Коган од Универзитетот во Кембриџ  (универзитетот нема врски со Кембриџ Аналитика).

Како што е тоа вообичаено со апликации и игри, квизот е дизајниран да ги собере не само податоците за корисникот кој учествува во квизот, туку и податоците на нивните пријатели.

Кристофер Вајли, кој работел со Кембриџ Аналитика, тврди дека со тоа што 270.000 луѓе го играле квизот, биле собрани податоци од околу 50 милиони корисници, главно во САД, без нивна експлицитна согласност преку профилите на социјалните мрежи на нивните пријатели.

Тој тврди дека податоците биле продадени на кембриџ Аналитика, која потоа ги користела за психолошко профилирање на луѓето и и ги доставувала на кампањата на Трамп.

Кембриџ Аналитика негира дека било кој од овие податоци е користен за услугите што ги нудела за кампањата Трамп.

Дали е ова спротивно на правилата на Фејсбук?

Податоците биле собрани користејќи ја инфраструктурата на Фејсбук во тоа време, а многу други развивачи ја искористија таа можност – но не им било одобрено тие податоци да ги споделат со други.

Другата клучна поента е дека дури и оние кои директно учествувале во квизот, не биле известени дека потенцијално ги споделуваат своите податоци со изборната кампања на Доналд Трамп.

Од Фејсбук велат дека кога дознале дека нивните правила биле прекршени, тие ја тргнале апликацијата и побарале потврда дека информациите се избришани.

Кембриџ Аналитика тврди дека никогаш не ги користела податоците и ја избришала апликацијата и сите податоци кога Фејсбук ги предупредил.

Но и Фејсбук и комесарот за информации на Велика Британија сакаат да дознаат дали тие се правилно и целосно уништени, бидејќи Вајли тврди дека не се.

Американски сенатори го повикаа основачот на Фејсбук Марк Цукерберг да сведочи пред Конгресот за тоа како Фејсбук ќе ги заштити корисниците.

Шефот на Европскиот парламент соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали податоците биле злоупотребени.

Портпаролот на премиерот Тереза ​​Мај изјави дека е “многу загрижена” за овие откритија.

измама кампања Трамп Кембриџ аналитика Њуз Канал 4 податоци Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.