НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрагата за следењето на уредникот на Јужне Вести не мрда цела година

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Редакцијата на српскиот портал Јужне Вести од Ниш ја извести полицијата на 21 март 2017 година дека човек од автомобил паркиран во центарот на Ниш со видео камера го сликал нивниот уредникот Предраг Благојевиќ. Кога Благојевиќ се обидел да го сними автомобилот, возачот избегал.

Предраг Благојевиќ, уредникот на Јужне Вести

Година дена подоцна, пишува српскиот сајт Цензоловка, инцидентот останува неразјаснет. Според Благојевиќ полицијата не мрднала ни со мал прст и додава дека полицијата во Ниш долго ги игнорирала барањата на Јавното обвинителство и не постапувала по нив.

«Тоа отиде дотаму што мене обвинителот ми одговори од официјалниот мејл дека нишката полиција не го доставила извештајот но дека Обвинителството нема да се откаже од барањето до полицијата во Ниш да работат на откривање на идентитетот на лицето што ме снимало», раскажува Благојевиќ.

Тој самиот не е изненаден од пасивноста на полицијата и дека вечерта, кога го пријавил инцидентот, самите полицајци го убедувале дека некој сигурно случајно снимал па нема потреба ни да се поднесе пријава.

Благојевиќ направил фотографија од автомобилот на која не се гелда регистрацијата но полицијата има и други начини да утври кому му припаѓа авотомобилот.

«Значи автомобилот од кој е снимано беше лошо паркиран пред зградата на судот која е полна со камери и се наоѓаше на раскрсница на која исто така има камери. Оттаму се упати кон центарот на градот и мина низ најмалку две раскрсници со камери а поминал и пред повеќе фирми што имаат безбедносни камери што ја снимаат улицата.

И сега полицијата не може да го открие ни бројот на регистрацијата. За мене тоа значи дека има намера бараниот податок да не биде откриен», одлучно тврди Благојевиќ.

Во меѓувреме новинарот дојде до податок дека непознатиот камерман е лице што го ангажирала Безбедносно-информативната агенција БИА. Луѓе од БИА му се јавиле на Благојевиќ ден по инцидентот и го убедувале дека БИА нема податоци на настанот, дека не знаат кој ја држел камерата и практично инститирале Јужне Вести да не објавуваат ништо за инцидентот.

«Она што ме загрижува е непотврденото сознание дека ме снимал припадник на БИА, но откако инцидентот беше објавен била отворена внатрешна истрага која утврдила дека не постоела таква задача. Односно дека работата е направена «на црно», со други зборови, на усмена наредба без официјалните протоколи», вели уредникот.

Благојевиќ вели дека ако го снимало анонимно лице кое не е во врска со државна институција, тогаш е загрижувачко тоа што полицијата, БИА или обвинителството не можат да открие кој е.

Втората опција е дека агентите на тајните служби како БИА се всушност аматери бидејќи Благојевиќ не само што видел дека е сниман туку успеал и да го фотографира лицето.

И конечно, третата, исто така загрижувачка опција, е дека некој намерно дозволил Благојвиќ да го види возачот и со тоа праќа порака на заплашување.

«Постојат повеќе објаснувања, но сите се загрижувачки», вели Благојевиќ.

Преземено од Цензоловка

Балкан прес Јужне Вести Предраг Благојевиќ притисок слобода на медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.