Основачот на Фејсбук Марк Цукенберг признава дека социјалната мрежа „направила грешки“ за Кембриџ аналитиката.
– Јас го основав Фејсбук и на крајот на денот и јас сум одговорен за тоа што се случува на нашата платформа – напиша Цукенберг на неговата Фејсбук страница.
За да ги адресира сите постоечки и минати проблеми, тој вели дека Фејсбук ќе ги истражи сите апликации кои имале пристап до огромна количина на информаци пред платформата драматично да го намали пристапот до податоци во 2014 година.
Фејсбук исто така ќе ги редуцира податоците кои корисникот ги дава на некоја апликација, на само име, профилна фотографија и електронска адреса.