Нови рочиште во Кривичниот суд денеска треба да се одржат за предметите на СЈО „Тортура“ и „Триста“.
„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Во „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.
Постапувајќи по жалбата на СЈО, Апелацискиот суд го преиначи првостепеното решение и го одобри обвинението против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Минатото рочиште во февруари беше одложено токму поради ова решение кое се уште се чекаше.
-Не чувствувам некоја специјална потреба за тој лик да го видам на судењето, изјави тогаш Бошкоски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.