Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки медиуми: По средбата во Виена, Димитров сака да ја посети Атина

0
By Нова ТВ on March 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 24, 2018 13:48

Грчките телевизии „Скај“ и „Антена“ објавија дека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во разговор со грчките новинари рекол оти по средбите во Виена можеби ќе ја посети Атина и изразил желба дека сака да се запознае со Панос Каменос.

Како што јавува МИА, новинарите, кои заедно со грчката делегација пристигнаа во Скопје, коментираат дека посетата на Никос Коѕијас поминала во добра и пријателска клима и оти постои хемија меѓу двајцата министри и волја за решение, но дека разликите остануваат непроменети, а се однесуваат на Уставот и формулацијата на името.

– Двајцата министри од четвртокот вечерта поминаа шест часа заедно, отворајќи ги сите прашања. За сега се чини дека не се направија многу чекори напред, напротив, излезе нов проблем, како што сфативме од господинот Димитров, а тоа е името. Сака да биде со 2 збора и да биде преведено на англиски јазик. Второто големо прашање е Уставот. Не само промена на иредентистичките точки, туку и во однос на опсегот на употреба на името. Скопјаните сакаат двојна формула за името – објави грчката телевизија „Стар“.

Новинарот на телевизијата „Скај“ во неговиот извештај од Скопје оценува дека и покрај позитивната клима на средбата на двајцата министри, сепак на прес-конференцијата се покажале несогласувањата на двете страни.

– Господинот Димитров објасни дека е негативен во однос на варијантата име без превод како на пример Горна Македонија, додека пак господинот Коѕијас од негова страна објасни дека за Грција, промената на Уставот е предуслов за било кое решение – рече новинарот од телевизија „Скај“.

Весникот „Та неа“ коментира дека ако некој сака да извлече заклучок од историската посета на Коѕијас во Скопје, „би рекол дека двете страни се доста далеку за да постигнат договор“.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот под наслов „Коѕијас: Направивме чекори напред“, пишува дека и од двете страни има волја за решение „што ќе ги отвори вратите на иднината“.

На волјата за решение, акцентот го става и новинарката од грчкото издание на „Еуроњуз“..

– Повеќе оптимист од тоа што беше кога отиде во Скопје, ја заврши дводневната посета на ПЈРМ, министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас. На средбите што ги имаше со политичкото раководство на земјата, ниту една од страните не криеше дека сѐ уште постојат точки во кои нема поклопувања, но сепак се покажа дека и двете страни имаат волја да се најде решение – објави „Еуроњуз“.

Грчките медиуми, во извештаите од Скопје ги пренесоа изјавите на двајцата шефови на дипломатиите, но коментираат дека дали и колку двете страни може да стигнат до договор и решение на проблемот, веројатно ќе се знае по средбата во Виена следниот петок.

„Еуроњуз“на грчки јазик, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува Нимиц да претстави правен текст на ОН, во кој двете страни ќе ги додадат и ќе ги одбележат точките во кои има поклопување.

грчки медиуми Никола Димитров Никос Коѕијас преговори спор со името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.