НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кремљ повторно тврди дека нема ништо со случајот Скрипал

1
By Нова ТВ on March 26, 2018 СВЕТ
Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија Фото: СкајЊуз
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кремљ соопшти денеска дека Москва не е виновна за труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал откако САД, Канада и држави од Европската унија протеруваат руски дипломати поради скандалот.

– Жалиме поради тие одлуки. Причината за нивното протерување е поради случајот Скрипал. Веќе соопштивме и повторно укажуваме дека Русија не е одговорна и нема ништо со тој случај, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани 30 руски дипломати во глобална координирана акција како одговор за Москва поради труењето на поранешен двоен шпион во Велика Британија. Тоа се цифри што ги објави агенцијата АФП.

Во таа листа, најмногу ќе бидат протерани од Германија, Франција и Полска од каде се очекуваат заминувања на по четири дипломати.

Претходно, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, информираше дека досега 14 земји членки на ЕУ протерале руски дипломати од своите земји и додаде дека дополнителни европски мерки, како што се натамошни протерувања не се исклучени.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас во британскиот град Солсбери на 4 март.

Одлуката за протерување руски дипломати од 18 држави поради случајот Скрипал е порака за руските „намери да се прекршува меѓународен закон“. Гледам голема солидарност од нашите пријатели и партнери во Европската унија и во НАТО, САД и други држави… Заедно испраќаме порака дека нема да ги толерираме руските обиди за кршење на меѓународниот закон и поткопувањето на нашите вредности, изјави британската премиерка Тереза Меј во Парламентот.

Поради случајот Скрипл од Велика Британија до сега се протерани 23 руски дипломати, а британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон најави дека ќе се одзема имот со непознато потекло на руски државјани.

Претходно, и канадските власти соопштија дека ќе протераат четворица руски дипломати, додека украинските власти одлучија да протераат 13 дипломати од Русија.

И Албанија денеска прогласи двајца руски дипломати како непожелни со образложение дека нивните активности во земјата не одговараат на пријавениот дипломатски статус.

По еден руски дипломат ќе протераат и Романија, Хрватска и Финска.

Попладнево и македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе биде протеран еден руски дипломат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.