НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мехмети: Селективната правда и администрацијата се најголем проблем

0
By Нова ТВ on March 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се поприсутна селективна правда, партизирана и непрофесионална администрација на централно, а особено на локално ниво, се сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, и популистички и неприменливи правни прописи што дополнително го отежнуваат остварувањето на права на граѓаните, констатирал Народниот правобранител минатата година при работата врз преставки на граѓаните.

Лани Народниот правобранител работел на 4.185 преставки, при што биле костатирани 1.137 повреди на човековите слободи и права. За 970 случаи оној што ја направил повредата ги прифатил забелешките на Народниот правобранител, за 104 постапката е во тек, а во 63 случаи и по сите преземени дејства препораките и забелешките не се прифатени.

– Од минатогодишната работа произлегуваат и констатациите дека лошиот систем за извршување особено го погодува најсиромашниот слој граѓани, оти социјалната заштита и натаму останува систем со кој не се надминува социјалниот ризик. Имавме појава на дискриминација по сите основи, неефикасно судство и обвинителство што поттикуваат недоверба кај граѓаните во институциите, но и полиција која со примена на сила ги надминува своите овластувања, останувајќи неказнета, рече Народниот правобранител Иџет Мемети на денешната прес-конференција на која го презентираше Годишниот извештај за 2017 година.

Рече дека со новата извршна власт има подобра комуникација, но не и со судската власт, каде, според него, има влошување на соработката помеѓу државниот омбудсман и судовите.

Ја критикуваше и јавната администрација и побара од министерот за администрација и информатичко опшество да преземе конкретни чекори за, како што рече, да стане вистински сервис на граѓаните.

Изнесе забелешки и за МВР, напоменувајќи го и случајот со нарушување на пратеничкиот имунитет при апсењето на шестмината пратеници и препорача да се издигне над партиските и политички интереси и на ефикасен и професионален начин да ја извршува функцијата во интерес на граѓаните.

Мемети потенцира и дека јавното обвинителство покажало сериозни намери за водење на ефективни истраги.

– По поднесени пет кривични пријави од наша страна за полициски службеници, само за една има обвинение, а другите се отфрлени. Да не зборувам за нашите пријави против службениците кои работат во затворите за кои МВР само не информира дека постапиле согласно закон, рече Мемети, објаснува Мемети.

Тој исто така се пожали дека од судовите постоело грубо попречување на народниот правобранител да си ја врши својата работа и покрај тоа што со новиот Закон за народен правобранител омбудсманот имал право да ги следи судските постапки од многу поблиску отколку обичната јавност.

Мемети, исто така, се пожали дека при враќање на парите за радиодифузна такса на граѓаните, Управата за јавни приходи им наплаќала на граѓаните 300 денари за образец што треба да го пополнат за да им бидат вратени 290 денари, што според него, е парадоксално.

Народниот правобранител, одговарајќи на новинарско прашање се осврна и на случајот со малиот Алмир каде имаше преквалификација на делото од страна на обвинителството и притоа потенцира дека се вклучил во слењето на постапката тогаш кога тоа било побарано од семејството.

МИОА се согласува со Мехмети

Министерството за информатичко општество и администрација во реакцијата на прес конференцијата, истакнува дека  се согласува со насоките на Народниот правобранител Иџет Мемети, дека се потребни конкретни и промени во јавната администрација.

-Усвоената Стратегија за реформа на јавната администрација (2018-2022), предвидува јасно дефинирани мерки и активности за целосна деполитизација, професионализација и дигитализација на јавната администрација. На овој начин ќе обезбедиме јавна администрација која е во служба на граѓаните, администрација која брзо, едноставно и евтино ќе одговори на потребите на сите граѓани. Јавната администрација изминатиот период беше користена како алатка за остварување на политичката агенда на претходната власт. За промена на реалната состојба во тој дел, но и на прецепцијата на граѓаните потребни се долгорочни промени.

Од Министерството најавуваат дека во втората половина на 2018та година ќе биде отворена широка јавна расправа за измени во Законот за административни службеници. Како што предвидуваме и во Стратегијата за реформа на јавната администрација, овие промени за кои ќе се согласни сите засегнати страни ќе се случат во текот на 2019та година.

-Само на овој начин со системски пристап, со вклучување на сите засегнати страни и политичка волја ќе обезбеди квалитетни и суштински реформи во јавната администрација, се вели во реакцијата. 

администрација Народен правобранител права на граѓаните селективна правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.