Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен ја смени локацијата-Џолев очекува да се смени и перцепцијата

0
By Нова ТВ on March 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 31, 2018 13:38

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев верува дека во Кривичниот суд има луѓе кои можат да ја сменат сегашната перцепција кај граѓаните за судството и тоа конечно  да биде препознаено како гарант за правдата и правичноста.

„Убеден сум дека Кривичниот суд поседува луѓе, ќе повторам луѓе со кредибилитет и интегритет, за кои верувам дека во иднина јавноста ќе ги етикетира со зборот недопирливи“ рече претседателот на Кривичниот суд Џолев.

Џолев кој зборуваше на отворањето на новата зграда на Кривичниот суд, исто така рече дека надворешниот изглед на новата зградата  различно бил перцепиран – на некои им се допаѓал, на други не, но поважно е смета тој,Кривичниот суд да креира убавина одвнатре.

„Убавината доаѓа одвнатре, а не однадвор и новиот Кривичен суд убавината ќе ја креира одвнатре, а истата ке ја создадеме ние вработените во судот, судските служебеници и судиите кои треба да ја смениме сегашната перцепција за судот. Сите ние заедно да направиме граѓаните да го посочуваат судството како гарант на правото и правичноста, гарант дека постои правната држава,гарант за еднаквост на сите пред законите, дека на невините ќе им биде гарантирана слободата, а криминалот санкциониран“ рече Џолев.

Во Кривичниот суд се вработени 350 лица. Во новата зграда на Кривичниот суд има 25 судници од кои две се големи, 100 канцеларии, модерна техничка опрема,внатрешен и надворешен видео надѕор, просторија за препознавање, простории за адвокати и обвинители.

 

Парите беа обезбедени од Светската банка, а помал дел од буџетот. Зградата првично требаше да чини 8,3 милиони евра, а потоа со склучување на анекси сумата беше зголемена за уште 2,7 милиони евра.

Камен – темелник беше поставен во 2010 година.

Веќе в понеделник во големата судница треба да се одржи првото рочиште за „Титаник“, во кој обвинетите се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

Инаку, „Титаник“ е првиот случај за кој СЈО поведе истрага во февруари 2016 година, а воедно е и најобемниот предмет, во кој покрај Груевски првообвинети се и екс министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, пратеникот Илија Димовски, поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер и екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

 

зграда Кривичен суд судии Џолев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.