НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата се пофали дека планот 3-6-9 ќе биде финализиран до 17 април

0
By Нова ТВ on March 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реформите од планот 3-6-9 ќе бидат заокружени на 17 април, денот на објавувањето на Извештајот на Европската комисија (ЕК), соопшти владината прес-служба.

Планот 3-6-9 беше проект за враќање на брзата трака на евро-атлантските процеси, за рехабилитација на функциите на институциите после политичката криза и за иницирање и спроведување реформи во клучните области што произлегоа од извештаите на високата екпертска група на Рајнхард Прибе и од заклучоците на прегововорите во Пржино.

„Најголем дел од активностите за кои беше надлежна Владата се исполнети. Останува да заврши собраниската постапка на последните предлози за измени и дополнувања на неколку законски решенија која се очекува да се заокружи до средината на претстојниот месец“, се наведува во соопштението.

 Клучните реформски приоритети, појаснуваат од таму, се однесуваа на обезбедувањето услови за функционален демократски парламент; на реформите во правосудството; на реформите во медиумите; на борба против организираниот криминал и корупцијата; на реформите во јавната администрација; на реформите во безбедносните служби; на промените за обезбедување фер и демократски избори според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и сите други релевантни меѓународни организации, како и на кохабитацијата со претседателот на државата.

„Овој процес резултираше со опоравување на институциите за да бидат во служба на граѓаните, ги забрза интеграциските процеси за Република Македонија во ЕУ и НАТО и овозможува подобар живот за граѓаните“, посочуваат од Владата и нагласуваат дека придонесот од сите институции и нивоа на власт е клучен за успех на реформите.

Освен насоките што дојдоа од извештаите на високата експертска група на Рајнхард Прибе и од заклучоците од преговорите во Пржино, додаваат, реализацијата на Планот 3-6-9 е опфатена и во Програмата за работа на Владата 2017-2020 и ги следеше и: препораките од средбите на високо ниво со претставниците на институциите на ЕУ, насоките од Европската комисија во Итните реформски приоритети (2015), Препораките на групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), како и низата препораки до Владата од изминатите неколку години од телата на Советот на Европа (Венецијанската комисија, ГРЕКО), препораките на ОБСЕ/ОДИХР, наодите и препораките од годишните Извештаи на Европската комисија, вклучително и од Пристапниот дијалог на високо ниво, заклучоците од министерскиот дијалог за Програмата за економски реформи, заклучоците од редовните состаноци на телата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, документот подготвен од група граѓански организации насловен како „Предлог за Итни демократски реформи“ (Блупринт) и резултатите од консултациите со граѓанското општество.

„Во следниот период, веднаш по усвојувањето на последните предложени законски решенија во Собранието на Република Македонија, Владата на РМ ќе направи сумирање на резултатите од овој процес за што јавноста ќе биде детално запознаена“, порачуваат од Владата.

За ВМРО – ДПМНЕ планот 3 – 6 – 9 е пропаднат

Во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ се вели дека Владата лаже дека планот е заокружен и реализиран, бидејќи во изминатите девет месеци сме виделе се, освен конкретни проекти и реформи.

Според оваа партија, работите се во застој во Министерството за правда, во Советот за спроведување на судските реформи, во службите за безбедност и контраразузнавање итн.

„Се најавуваше борба против корупцијата, а никој не знае кои се двајцата функционери за кои се води истрага“, велат меѓу другото од партијата на Христијан Мицкоски.

17 април Влада Извештај на ЕК План „3-6-9“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.