Опозициската ВМРО ДПМНЕ смета дека Планот 3-6-9 на власта е клинички мртов и дека државата „тоне и на политички и на економски план“.
-СДСМ ветуваше реформи во правосудството, во безбедносните служби и во администрацијата, но останаа само празните зборови. Нема 100.000 денари плати за лекарите и 30.000 денари просечна плата. Нема нови 500 километри автопат, а не можат да ги завршат ни започнатите. Нема враќање ниту на 600.000 иселени од Македонија. Неуспесите не се покриваат со соопштение дека се задоволни од реформите, кога граѓаните се посилно го чувствуваат назадувањето, се вели во партиското соопштение.
Од ВМРО ДПМНЕ ја обвинуваат власта дека “единствен успех Заев има врз ставањето на судот под сопствена контрола и подредена положба со што го уништи неговиот углед и ја урне доверба кај граѓаните“, преку што, како што велат „се врши политички прогон, а патоказ за тоа се неоснованите обвиненија и притвори“.