НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев најавува лидерска за преговорите за името по Велигден

2
By Нова ТВ on April 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поголем оптимист по последната рунда разговори во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц и дека може да се најде решение за спорот со името.

– Денеска во 9 часот имав едночасовна средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите. Тоа, секако, е само исчекор. Условеноста во разговорите значи дека имало договор и за оние прашања кои сега се исчекор кога комплетно би се договорило се. Тоа дава можност на еден навистина отворен пријателски начин двајцата министри слободно да реазговараат за секој сегмент  на чувствителноста на прашања за конечно да се изнајде решение за проблемот за името. Ако некој ме праша дали сум повеќе или помалку оптимист и позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист после оваа средба што Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц, изјави премиерот Заев.

Според премиерот Заев, лидерска средба за името би можело да се одржи по велигденските празници.

Тоа, според него, било барање на опозицијата и тие го прифатиле, со конечна цел сите да бидат информирани, но и заедно да ги градат стратегиите за решение на спорот со името.

Тој истакна дека поканата за лидерска средба била испратена во текот на минатата недела,  бидејќи наближуваат велигденските празници за да може секој да го резервира терминот во 13 часот како слободен.

– Но веројатно и поради други агенди на дел од учесниците, пред се, од опозицијата беше побарано овој постигнат напредок во разговорите да биде споделен на билатерални средби на министерот за надворешни работи со мене, со претседателот на државата, со претседателот на Парламентот, со шефот на опозицијата и со лидерот на ДУИ, а по Велигден, на 10 април, на пример да се одржи лидерска средба, пред се и како давање насоки и мислења пред следната рунда преговори што ја очекуваме после велигденските празници, рече Заев.

ВМРО ДПМНЕ денеска преку соопштение демантираше дека ќе се одржи лидерска средба за ова прашање, но не посочува за кој датум се работи. Оттаму овие информации ги оценија како шпекулации во јавноста.

МНР претходно информира дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе го информира државниот врв и политичките партии за преговорите за името на поединечни средби.

 

ВМРО-ДПМНЕ Димитров Заев прегховори името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.