НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помала моќ на ректорите и деканите, се укинува студентскиот парламент

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целосно нов текст на законот за високо образование вчера за првпат беше разгледуван од матичната собраниска комисија.

Главни цели на новиот предлог закон  се автономијата и квалитетот на универзитетите.

Деканите и ректорите ќе имаат помала моќ од досега и таа ќе биде деконцентрирана на сметка на наставно научните совети на факултетите и на сенатите. Се менува и начинот на нивниот избор, бидејќи целиот процес ќе почне со непосредно гласање на професорите на факултетите. Им се скратува мандатот од досегашните 4 години, на три.

– Имаше еден вид ограничување на автономијата на универзитетите во текот на измените на постојниот Закон, што доведе до негова контрадикторност со членот 46 од Уставот кој изрично гарантира автономија на Универзитетот. Најголем дел од измените во изминатиот период беа правени без консултација и без вклученост на универзитетите, што и доведе до одредени проблеми во спроведување на законите бидејќи решенијата беа креирани во канцеларија, а не во салите за состаноци во факултетите. Затоа одлуката беше да се оди на сосема нов закон, зашто она што е нефункционално е многу тешко да го поправате,  рече министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Студентските парламенти ќе се трансформираат во факултетски студенстки собранија кои ќе функционираат како тела при универзитетот, а не како досега како граѓанска организација.

Нa овој начин според независниот пратеник Ивана Туфегџиќ моќта ќе се врати на матичните факултети и нивните студенти. Ги одбива како неосновани обвинувањата од студентскиот парламент дека на ваков начин ќе се изгуби автономијата на студентското организирање.

– Факултетските собранија се избираат на непосредни избори и во нив ќе членуваат претставници на студентите избрани на слободни, фер и демократски избори и потоа тие ги избираат своите претставници на ниво на универзитети. Студентите најмногу се познаваат во средините каде што учат и затоа непосредните избори се сконцентрирани на факултетите каде што тие ги знаат кандидатите за кои можат да гласаат. Целта е да се направи департизација на студентското организирање и да не се овозможи мобилизатори на студентите да бидат политичките партии, рече министерката Дескоска.

За ограничување на моќта на министерот за образование и наука, пак, ќе се формира Национален совет за образование, наука и истражување, кој ќе преземе надлежности од министерот во сферата на високото образование.

Со новиот закон се предвидува почетокот на академската година да се врати први октомври, а не на 15. како досега. Зимскиот семестар ќе заврши на 15. јануари, односно летниот ќе почне на 15. фебруари, а ќе заврши на 31 мај.

Се воведува Агенција за квалитет на високото образование, а во иднина одборот за акредитација и евалуација ќе функционираат посебно.

Универзитетите ќе имаат надворешна евалуација од стручни комисии во кои две третини ќе ги сочинуваат професори од универзитети од земји членики од Европското здружение за обезбедување квалитет во високото образование.

Пратеникот и потпретседател на Собранието Весел Мемеди забележа што во новиот закон повторно останува тригодишното образование со 180 кредити. Смета дека сите студиски програми треба да бидат четиригодишни затоа што во огласите за работа се бара високо образование со 240 кредити.

– Тоа е дискриминација на студентите со три години на пазарот на трудот, рече Мемеди. Според него, високото образвание, како што  рече, произведува даскали, а не научници. – Тоа е поради смешниот буџет за наука и истражување, иако Македонија има капацитет на професори и научници, додаде Мемеди.

Во новиот Предлог се воведува асистент како звање наспроти досегашното асистент докторант со недефинирано звање, а се воведуваат  и критериуми за избор на демонстратори.

Измените во законот започнаа во јуни минатата година кога се формираше работна група во МОН со вклученост на претставници од сите засегнати страни. Оттогаш на јавен увид беа претставени три нацрт-верзии со цел преку сугестии и укажувања текстот да биде подобрен со прифатливите забелешки.

Материјата во Предлог-законот е опфатена во 16 глави и 228 членови.

Законот досега имаше 21 измена и дополнувања, а само од 2015 е променет пет пати.

Закон за високо образование Измени во закон МОН Предлог-Закон Рената Дескоска собраниска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.